Холандија против
Аргентина е првиот дуел во четвртфиналето на мундијалот во Катар, двете
репрезентации се сретнаа и на СП 2014, тогаш во полуфиналето, „гаучосите“
славеа на пенали.
Лео Меси е главната
опасност во редовите на Аргентина, па новинарите го прашаа Луј ван Гал дали има
план како да го сопре напаѓачот на ПСЖ.
„Меси е
најопасниот кретивен фудбалер, знае да керира шанси но и самиот да постигнува
голови. Сепак, кога неговиот тим ќе ја загуби топката, тој не помага во
одбрана, и тука е нашата шанса“ – рече селекторот на Халндија.
Новинарите
инсистираа стратегот да открие дали има специјален тактички план против Лео
Меси, а тој само одговори: „Ќе видите во петок, сега нема ништо да ви
откривам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.