Бразил танцуваше во првото полувреме, доволно за да ја победи Јужна Кореја (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Бразил имаше фуриозно прво полувреме во кое ги постигна сите четири голови, а во вториот дел само рутински ја одработи задачата и дојде до лесен триумф.

Победата беше најавена уште во седмата минута кога Винисиус Жуинор постигна гол по асистенција од Нејмар.

Брзо потоа беше досуден пенал по фаул врз Ришарлисон. Нејмар шутираше прецизно од белата точка за водство од 2-0.

Во 29. минута по една одлична акција, Ришарлисон погоди за убедлива предност од 3-0, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.

Седум минути подоцна Пакета даде гол за големо водство од 4-0 за Бразил.

Во вториот дел беше многу поздодевно, Бразил ја тргна педалата од гас и не сакаше да го понижи противникот. 

Во 76. минута Паик Сеунг Хо постигна прекрасен гол од далечина за Јужна Кореја и ги постави конечните 4-1.

Бразил во четвртфиналето ќе игра против Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани