Сантош го опомена Роналдо пред дуелот со Швајцарија: Не ми се допадна тоа

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо беше во фокусот на денешната прес конференција на Португалија пред
дуелот против Швајцарија во осминафиналето. Напаѓачот негодуваше
кога беше повлечен од игра против Јужна Кореја, упати и навредливи зборови кон
селекторот Фернандо Сантош.

„Како што кажав и
тогаш, долу на теренот не слушнав ништо. Бев предалеку и затоа само успеав да
видам дека се распава со еден фудбалер на Јужна Кореја“
– рече Фернандо Сантош
на денешната средба со медиумите.

„Но ги погледнав
снимките, и да, не ми се допадна тоа што го видов. Воопшто не ми се допадна“.

„Но тука завршува
се, овие работи се решаваат интерно и сега треба да се фокусираме на утрешниот
натпревар.

Запрашан дали
размислува да го седне Роналдо на клупа против Швајцарија, тој додава: „Кажувам
кој ќе игра во соблекувалната. Кога ќе бидеме на стадион, играчите ќе го
дознаат старниот состав. Така се одвиваат работите откако јас сум селектор. Можам
само да кажам дека ќе излеземе со тим за кој јас сметам дека може да ни го
донесе посакуваниот резултат“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани