Онана откако беше избркан од репрезентацијата, се врати во Камерун и играше фудбал на земја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На почетокот од
оваа недела, непосредно пред стартот на натпреварот помеѓу Камерун и Србија,
пристигна информација дека Андре Онана е отстранет од тимот.

Тиквата пукнала
откако селекторот Сонг инсистирал на поинаков стил на бранење на голманот, на потрадиционален.
Чуварот на мрежата на Интер немал намера да го менува начинот на кој игра, па
настанала кавга помеѓу двајцата.

Никој не сакаше
да попушти, па Андре Онана си ги спакува куферите и го напушти мундијалот во
Катар.

На социјалните
мрежи сега се појави видео од голманот во родниот Камерун како игра фудбал на земјено
игралиште. Очигледно Андре Онана има неколку слободни денови пред да се врати
во Интер, па решил малку да се подружи со пријателите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани