Нападот не може да даде, колку што одбраната на Србија може да прими, Швајцарија оди во осминафинале (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Одбраната на српската репрезентација имаше очајно Светско првенство, Србите примија дури осум гола, два од Бразил и по три од Камерун и Швајцарија. Тоа ги чинеше елиминација.

Србија мораше да го добие денешниот натпревар против Швајцарија, нападна силно, но не успеа да ја оствари целта иако во еден момент се чинеше дека можат да го добијат мечот.

Швајцарија поведе со гол на Шакири во 20. минута од натпреварот, но предноста на Швајцарците не траеше многу долго.

Само шест минути подоцна по асистенција на Тадиќ, Митровиќ постигна совршен гол со глава и израмни на 1-1.

Во 35. минута Душан Влаховиќ постигна гол за комплетен пресврт и водство на Србија од 2-1.

Србија сепак не успеа да го задржи водството до крајот на првото полувреме, Емболо во 44. минута даде гол за израмнување на 2-2.

По само три минути игра во вториот дел, гол даде и Фројлер за победа на Швајцарија од 3-2.

Во вториот меч од оваа група Камерун со гол на Абубакар во 92. минута го победи Бразил со 1-0.

Бразил заврши на првото место со шест бода колку што има и Швајцарија на втората позиција, Камерун е трети со четири бода, а Србија последна со само еден освоен бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани