Франција во недела ќе ги одмери силите против Полска во осминафиналето на Светското првенство, многумина натпреварот го гледаат како дуел помеѓу Килијан Мбапе и Роберт Левандовски.
Како што пренесува Ле Паризиен, двајцата можеле заедно да играат во ПСЖ. Откако Килијан Мбапе ставил потпис на нов договор со „светците“, Роберт Левандовски бил идентификуван како засилување во нападот.
Килијан Мбапе имал тајна средба со Полјакот, двајцата разговарале на добротворна вечера на Кански филмски фестивал.
Французинот му кажал на Роберт Левандовски дека решил да продолжи во Париз бидејќи ПСЖ имал одличен спортски проект и му предложил да му се придружи на „Паркот на принцовите“.
Роберт Левандовски сепак само се заблагодарил на интересот, но порачал дека на ум ја има само Барселона и преселба на Камп Ноу.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.