Луис Енрике: Ќе добиев срцев удар

by
1 минути читање

Шпанија загуби од Јапонија и како второпласирана оди во осминафиналето од Светското првенство. Тоа им носи полесен пат отколку да беа први, па некои се сомневаа во тоа дали можеби Шпанците загубија намерно.

Но, реакциите на Луис Енрике од клупата говореа дека тие ја посакуваат победата, тој беше исклучително бесен на своите фудбалери.

Во еден момент од мечот, кога Костарика поведе против Германија, Шпанија испаѓаше од СП, но за нивна среќа Германците на крајот победија.

„Навистина не знаев за резултатот од другиот меч, не знаев дека сме биле пред елиминација. Ако знаев ќе добиев срцев удар. Во фудбалот сè може да се случи, па нормално дека стравував од елиминација. Немаме време за славење, продолжуваме понатаму, а поразот од Јапонија ни е добра опомена“, изјави Луис Енрике.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани