Нов шок на СП, Јапонија ја победи Шпанија, Германија е елиминирана (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Германија на второ Светско првенство по ред е елиминирана во групната фаза, освоија само четири бода и не заслужија да одат во осминафинале иако ќе беа таму доколку Шпанија не загубеше од Јапонија.

Шпанија добро го почна мечот, Мората во 11. минута со глава донесе водство од 1-0.

Но Јапонците во 48. израмнија преку Доан, а само три минути подоцна Танака погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1. Тој резултат остана активен до крајот на мечот.

Во меѓувреме Германија се мачеше против Костарика. Германците поведоа со гол на Гнабри во 10. минута.

Техеда во 58. минута израмни на 1-1, Варгас во 70. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Костарика од 2-1. Во тие моменти Костарика и Јапонија одеа во осминафиналето.

До крајот на мечот Германија даде уште три гола, двапати погоди Хаверц, еднаш Филкруг за конечна победа од 4-2.

Јапонија го освои првото место со шест бода, Шпанија и Германија имаат по четири, но Шпанците имаат далеку подобра гол разлика благодарение на победата од 7-0 во првото коло. Костарика е последна со три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани