Суарез за контроверзијата од пред 12 години: За што да и се извинам на Гана? Не го промашив јас пеналот!

by
1 минути читање

На Светското
првенство во 2010 година, Уругвај и Гана ги одмерија силите во четвртфиналето, Јужноамериканците во драматичен финиш обезбедија пласман во следната рунда.

Луис Суарез во
120. минута со рака на гол линијата спречи Гана да даде гол и да поведе.
Напаѓачот доби црвен картон, но потегот се исплатеше откако „црните ѕвезди“ ја
промашија најстрогата казна, а потоа на пенали беа елиминирани.

Двете
репрезентации сега во Катар ќе се борат за месо во осминафинале, па кога Луис
Суарез се појави на пресконференција, новинар од Гана му рече дека многумина сметаат
дека напаѓачот е „самиот ѓавол“ и го праша дали ќе се извини за случувањата од
пред 1
2 години.

„За што да се извинам?
Фудбалерот на Гана беше тој кој го промаши пеналот откако играв со рака.
Доколку направев некој опасен старт, или повредив фудбалер, можеби ќе се
извинев. Не беше моја грешка, не беше моја одговорност како ќе се шутне пеналот“
– порача Луис
Суарез.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани