За време на мечот Шчесни загубил облог со Меси, но нема намера да му ги даде парите!

by
1 минути читање

Пеналот на Аргентина беше крајно сомнителен, повеќето сметаат дека тоа не беше пенал, уверен во тоа бил и Шчесни. Кога судијата тргнал да ја гледа снимката, Шчесни му предложил на Меси да се обложат во 100 евра, Полјакот рекол дека судијата нема да досуди пенал.

Тоа не се случи, пеналот беше досуден, а Шчесни го загуби облогот. Негова сатисфакција е одбранетиот пенал и фактот што Полска и покрај поразот помина во осминафиналето.

„Разговаравме пред пеналот. И му реков се обложувам во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Така да загубив облог и треба на Лео да му дадам 100 евра. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам и суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му платам. Галје му е на Меси, дајте за 100 евра?“, рече Шчесни и сите ги изнасмеа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани