Коло Туре почна самостојна тренерска кариера

by
1 минути читање

Туре досега беше дел од стручниот штаб на Брендан Роџерс во Лестер, но доби понуда од Виган и прифати тоа да му биде првиот сериозен тренерски ангажман.

Виган потврди дека  потпишале три ипол годишен договор со Туре.

„Виган со задоволство може да го потврди назначувањето на Коло Туре за нов тренер на првиот тим“, соопшти англискиот клуб.

Коло Туре 14 години од кариерата помина во Премиерлигата, играше за Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Виган во моментов е на 22. место во Чемпионшип, па јасно е дека целта на Туре во првата сезона ќе биде да го спаси клубот од испаѓање.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×