Возбудувањaта продолжија и на вториот денешен натпревар, на пресметката помеѓу Гана и Јужна Кореја паднаа пет гола.
По еден прекин во 24. минута, Салису го отвори резултатот и донесе предност за Гана од 0-1. Десет минути подоцна, Кудус зголеми на 0-2, напаѓачот на Ајакс одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава ја затресе мрежата.
Јужна Кореја сепак не се предаде, и во второто полувреме за кратко време се врати во игра. Чо во 58. минута намали на 1-2, а истиот играч во 61. минута највиско скокна во петерецот и погоди за 2-2.
Последниот збор сепак го имаше Кудус, кој прецизно пласираше по земја во 68. минута за 2-3 и прва победа на Гана на мундијалите по СП 2010.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.