Вертонген ги пецна Де Брујне и Азар: Не можеме гол да дадеме, имаме престари офанзивни играчи

by
1 минути читање

Пред некој ден Де Брујне изјави дека Белгија нема шанси за трофејот бидејќи имаат многу стар тим, слична изјава даде и Еден Азар кој посебно ги посочи стоперите.

Искусниот Јан Вертонген по мечот со Мароко даде зајадлива изјава како одговор на она што го кажаа Де Брујне и Азар.

„Не создадовме доволно шанси. Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно дека напаѓаме лошо затоа што имаме престари офанзивни играчи“, изјави Вертонген.

Белгија во последното коло треба да ја победи Хрватска за сигурен пласман во осминафиналето, но има варијанта и со реми да оди понатаму.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани