Селекторот на Мароко објасни зошто голманот Боно мистеризно исчезна пред дуелот со Белгија

by
1 минути читање

Јасин Буну, кој е
попознат како Боно, беше најавен во стартниот состав на Мароко против Белгија, голманот
стоеше покрај соиграчите кога се интонираше химната, но кога „црвените ѓаволи“
по десетина минути игра го го упатија првиот шут кон голот, се забележа дека помеѓу
стативите не е Боно, туку Монир „Мунир“ Ел Каџуи.

Сите беа зачудени
откако не се појави информација за оваа доцна промена во составот. АС објави
дека голманот имал проблеми со стомакот па се повлекол, додека БеИН Спортс
пласираше информација дека на Боно му се вртело.

По крајот на
натпреварот, селекторот на Мароко Валид Реграги објасни зошто Боно мистериозно
исчезна.

„Доби удар против
Хрватска, беше неизвесен, се обиде до последен момент да настапи, но по загревањето,
непосредно пред да почне натпреварот, не се чувствуваше добро и беше доволно
искрен да му го отстапи местото на некој друг. За да играте во мојот тим,
морате да бидете 100% подготвени и Јасин го разбира тоа. Му го препушти местото
на Мунир, кој имаше одлична партија денеска“
– рече Реграги.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани