Шлаканица за Белгија од Мароко (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Уште една европска земја доживеа непланиран резултат, Белгија беше фаворит против Мароко, но со наведната глава го напуштија теренот.

Мароко постигна гол уште во судиското продолжение од првото полувреме, но тој погодок на Зијеш беше поништен поради офсајд.

0-0 беше се до 73. минута кога Сабири од слободен удар од речси невозможна ситуација му даде гол на Куртоа и донесе водство за Мароко од 1-0. Голот оди на душата на голманот на Белгија.

Белгијците напаѓаа, се бореа да избегнат пораз, но во 92. минута Мароко постигна уште еден гол за конечна победа од 2-0. Тој гол беше дело на Абуклал по асистенција од Зијеш.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани