Левандовски го постигна својот прв гол на Светско првенство, Полска ја преживеа Саудиска Арабија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Саудиска Арабија прикажа уште една одлична партија, го имаше поседот на топката, упати двојно повеќе удари од противникот, но Полска се радуваше на победа и три бода.

Резултатот беше отворен во 39. минута, Левандовски му асистираше на Зелински за водство од 1-0.

Саудиска Арабија можеше веднаш да изедначи, со ВАР беше досуден пенал, но Шчесни го одбрани ударот на Ал Давсари, а одлично реагираше и по одбиената топка, и со нова интервенција не дозволи неговата мрежа да биде затресена.

Шчесни потоа имаше уште една одлична одбрана на стартот од вториот дел и ја сочува предноста на неговата репрезентација.

На спротивната страна, Милик ја затресе пречката а Левандовски ја погоди стативата. Полска сепак успеа да ги осигура трите бода во 82. минута, кога Левандовски му одзеде топка на Малки на 16 метри и рутински реализираше за својот првенец на Светските првенства и 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани