Мајката на Брил Емболо „удри“ по Камерун: Барате пари за да се игра во репрезентацијата!

by
1 минути читање

Швајцарија триумфираше со 1-0 над Камерун на Светското првенство, а голот вреден три бода беше дело на Брил Емболо, кој реши да не прослави со оглед на тоа дека е роден во Камерун.

Но напаѓачот доби многу критики, дури имаше и протест пред неговиот дом во Камерун.

Во одбрана на напаѓачот излезе неговата мајка, која упати сериозни обвинувања кон селекцијата на Камерун.

„Оставете го син ми на мира. Швајцарците беа тие кои го тренираа и тој сега си ја заврши работата. Во Камерун, наместо да ги тренирате играчите, има само нечесни работи. За да се влезе во репрезентацијата, треба да се плати и да се биде дел од Утопија“ – гласеше нејзината порака.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани