Бруно Фернандеш вели дека Роналдо кога е мета на критики станува уште подобар, па ги замоли сите да го критикуваат.
„Роналдо е човек кој ужива да работи кога е критикуван. Затоа ги замолувам сите, продолжете да го критикувате. Кога е нападнат секогаш го гледаме најдоброто од него“, вели Бруно Фернандеш.
Тој вели дека му е голема чест што игра заедно со Роналдо.
„Играњето со Роналдо е остварување на сонот, за мене сега е најважно Португалија да се претстави колку што е можно подобро. Така сите ќе бидеме среќни“.
Со овие зборови Бруно Фернандеш става крај на сите гласини за лош однос меѓу него и Роналдо откако Кристијано го даде интервјуто кај Пирс Морган.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.