На последните пет Светски првенства – Бразил победува само Срби и Хрвати

by
1 минути читање

Бразил е главен фаворит за освојување на Светското првенство во Катар, но нивната историја со европските селекции може да ги загрижува. Од 2006 па досега имаат само четири победи, по две над Србија и Хрватска.

 

Бразилците во 2006 и 2014 година ја победија Хрватска, а во 2018 и синоќа славеа над Србија. Во меѓувреме на Мундијалите имаат одиграно уште седум натпревари со европски селекции, имаат дури пет порази и две нерешени средби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани