Историска победа на Шпанија, Костарика настрада со седум гола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанија прикажа одлична партија на својата премиера во Катар, „црвената фурија“ со 7-0 ја збриша Костарика и ја забележа најголемата победа во својата историја на
мундијалите.

Триумфот го најави
Дани Олмо во 11. минута, фудбалерот на РБ Лајпциг одлично прими топка и ја префрли
преку Кејлор Навас за 1-0.

Десет минути
подоцна Алба му уасистираше на Асенсио за 2-0, а Торес од пенал по половина час
игра донесе 3-0.

Истиот играч на
стартот од вториот дел зголеми на 4-0, за во завршницата од мечот да паднат
нови три гола.

Прво Гави закачи
убав волеј од врвот на шеснаесетникот за 5-0, Солер начека една одбиена топка и рутински реализираше за 6-0, а во судиското надополнување, Мората ги постави конечните 7-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани