Германците најдоа начин како да и пркосат на ФИФА и испратија јасна порака (ФОТО)

by
1 минути читање

Мануел Нојер беше
еден од капитените кои изразија желба во Катар да носат капитенска лента со
виножито, тие добија поддршка од федерациите во случај на парични казни, но
откако ФИФА им се закани со жолти картони, голманот на Германија и сите други
се повлекоа.

„Панцерите“ сепак
решија да и пркосат на ФИФА, денеска на натпреварот против Јапонија, кога се
правеше тимската фотографија, сите фудбалери ставија раце пред устите.

Германците испратија
порака до светската куќа на фудбалот, тоа што им се забранува да носат капитенска
лента со виножито, е исто како да им се забрани правото на збор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани