Дали Роналдо по втор пат ќе ги одбие неверојатните милиони од Саудиска Арабија?

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо има одврзани раце да го одбере следниот клуб откако Манчестер јунајтед
вчера соопшти дека на взаемна согласност е раскинат договорот.

Медиумите веднаш
почнаа да шпекулираат со идната дестинација на Португалецот, се споменуваат
имиња на клубови кои беа актуелни и изминатиов период како Челси, Баерн Минхен,
ПСЖ, Реал Мадрид, Наполи, Спортинг и Интер Мајами.

Њукасл е новото
име кое се појави во последно време, а според пишувањата на Марка, Кристијано
Роналдо ќе добие нова понуда од Саудиска Арабија.

Весникот пишува
дека Ал Наср ќе се обиде да го примами Португалецот со вистинско богатство, и
на маса ќе стави понуда слична како таа што Кристијано Роналдо ја доби минатото
лето.

Тогаш се пишуваше
за предлог вреден неверојатни 250 милиони евра за соработка на две години.

Едно сценарио е
Кристијано Роналдо 6 или 18 месеци да игра во Њукасл (клуб кој е во сопственост
на Саудиска Арабија), и потоа да се пресели во Ал Наср.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×