Мурињо доби засилување од тимот кој го понижи минатата сезона

by
1 минути читање

Рома минатата
сезона одигра четири натпревари против Бодо/Глимт, на едниот од нив беше понижена
и загуби со 6-1.

Но „волчицата“ барем
имаше некаква корист, во очи им падна Ола Солбакен, кој постигна три погодоци
на овие дуели.

Норвежанецот сега
се сели на „Олимпико“, и тоа беспари откако ќе му заврши договорот на 31. декември.

„Задоволни сме
што можеме да соопштиме дека е постигнат договор со напаѓачот Ола Солбакен, кој
официјално ќе му се придружи на клубот во јануари. Подадена е рака за соработка
до 30. јуни 2027 година“
– гласеше известувањето.

За новата
авантура, Ола Солбакен рече: „Притискав за реализирање на зделката, навистина
сакав да бидам играч на Рома и конечно можам да кажам дека сум. Рома од самиот
старт се издвои, навистина верувам во проектот и плановите на клубот и сакам да
бидам дел од нив. Доаѓам да учам и да забележам напредок. Навивачите на Рома се
едни од најдобрите и со нетрпение чекам да играм пред нив“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×