Панчев го има рецептот за победа на Србија против Бразил – Пикси и играчите треба да изгледаат филм

by
2 минути читање

Панчев на Пикси му препорача како мотивација пред мечот со Бразил кој се игра во четврток, да го изгледаат филмот „Монтевидео, Бог те видео“ на Драган Бјелогрлиќ.

„Знам кои се неопходните чекори за Србија во пресметката со Бразил, а една од нив е да се повтори четивото – задолжително гледање на „Монтевидео, Бог те видео“. Ќе се сети Пикси, не морам да му сугерирам. Значи, ‘орли’, трк во сала да видите како се победуваат Бразилците, а друштво може и Драган Бјелогрлиќ да им прави. Само уживајте. Мотивацијата не се доведува во прашање, Србија има супер напад, не се сомневам Пикси дека силно ќе ги мотивира, но на крајот на теренот одлуки носат фудбалерите, не може тренерот да ти кажува што да правиш“, вели Панчев.

Тој како и по обичај навива за селекциите од поранешна Југославија.

„Каква врска имам јас со Сенегал, Белгија, Америка…Нормално ќе навивам за Србија, ќе навивам и за Хрватска, да се тука ќе навивав и за Црногорците, Босанците, Словенците, нормално за Македонија. Уште во финале да играат Србија – Хрватска, ќе полуди регионот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани