Жиру се израмни со Анри, Франција лесно ја победи Австралија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Оливие Жиру постигна два од четирите гола на Франција против Австралија и дојде до 51 погодок за националниот тим, исто колку што има и Тјери Анри. Само тие двајца имаат постигнато 50+ погодоци. 

Напаѓачот на Милан уште на овој Мундијал има шанси да стане најдобар стрелец во историјата на Франција.

Мечот почна шокантно, Австралија поведе со гол на Гудвин во деветата минута од натпреварот. Но тоа беше се што направија Австралијците.

Израмнувањето стигна во 27. минута кога по нафрлување од Тео Ернандез, Рабио погоди со глава за 1-1.

Пет минути подоцна Рабио ја имаше улогата на асистент, додаде до Жиру кој постигна гол за комплетен пресврт и водство на Франција од 2-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во 68. минута по асистенција од Дембеле, Килијан Мбапе даде гол за 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар.

Само три минути потоа по додавање од Мбапе, Жиру даде гол за конечна победа на Франција од 4-1.

Во оваа група претходно Данска и Тунис одиграа нерешено 0-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани