304
Кристијано Роналдо нема да се врати во Манчестер јунајтед по интервјуто кое го даде за Пирс Морган, клубот соопшти дека на заедничка согласност му е раскинат договорот.
„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер јунајтед на заедничка согласност, тоа стапува на сила веднаш. Клубот му благодари за неговиот огромен допринос во двата престоја на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 голови на 346 натпревари, и му посакува него и на неговото семејство се најдобро во иднина“, стои во соопштението на англискиот клуб.
Се уште не се знае каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата. Додека Португалецот е во Катар, неговиот агент Жорж Мендеш му го бара новиот клуб.