Саудиска Арабија приреди големо изненадувње, утрово славеше против Аргентина со 1-2.
Почетокот на натпреварот не навестуваше ништо такво, „гаучосите“ од пенал поведоа со 1-0, а потоа уште три пати ја тресеа мрежата на противникот, но ВАР спречи ново славје поради офсајд.
Но работите се променија во вториот дел, Саудиска Арабија тргна многу подобро, изедначи на 1-1 во 48. минута, а веќе во 53. минута Ал Дасвари направи комплетен пресврт и донесе водство од 1-2.
„Можевме лесно да победиме со 5-0, но загубивме“ – вели Анхел ди Марија.
„Креиравме многу шанси, но не ги искористивме. Тие се заканија два или три пати, и успеаја да постигнат два гола“.
„Ниту бевме најдобри пред почетокот на мундијалот, ниту пак сме најлоши по овој пораз. Пред нас сега се две финалиња и ќе се обидеме да се пласираме во нок-аут фазата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.