Сензација, Аргентина загуби од Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Саудиска Арабија со 2-1 ја победи Аргентина и направи фудбалско чудо. Меси ниту во кошмарен сон не можеше да претпостави дека вака ќе го почне Светското првенство.

А на почетокот ништо не налекуваше дека ќе се случи изненадување. Аргентина поведе со 1-0 уште во десеттата минута со гол од пенал на Меси.

Аргентина доминираше во првиот дел, постигна и уште три погодоци кои им беа поништени поради офсајд.

Но, работите се променија во вториот дел, Саудиска Арабија тргна многу подобро и уште во 48. минута постигна гол за израмнување на 1-1. Ал Шехри беше стрелец на погодокот.

Само пет минути подоцна убав гол даде Ал Давсари за комплетен пресврт и водство на Саудиска Арабија од 2-1.

До крајот на мечот Саудијците играа пожртвувано, гинеа за секоја топка, Аргентина изгледаше немоќно, како да беше во шок.

На крајот се случи историска радост за Саудиска Арабија и шокантен старт на Светското првенство за Аргентина која е втор фаворит за освојување на трофејот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани