73
Новиот ден од
Светското првенство започна со контроверзија, Аргентина рано поведе против
Саудиска Арабија, Лео Меси погоди за 1-0 од белата точка.
Пеналот беше
досуден со доцнење од 2 минути, од ВАР собата го известија судијата дека има
спорен момент по еден дуел во шеснаесетникот кога Парадес падна на тревата при
еден корнер.
Винчич ја
прегледа целата ситуација и реши да досуди најстрога казна, која Лео Меси ја
претвори во гол.
Целата ситуација предизвика
голема дебата на социјалните мрежи, речиси сите сметаат дека пеналот е „смешен“, премногу лесно е
покажно на белата точка и дека ВАР го уништува фудбалот.