Инфантино би организирал Светско првенство и во Северна Кореја

by
2 минути читање

Порано големите фудбалски настани беа организирани во земји со фудбалска традиција, но ФИФА во последно време како да стана политичка организација па домаќини стануваат и држави без фудбалско педигре.

Таков е примерот со Катар кој не е примамлив за фудбалските фанови со големите забрани кои ги има во оваа земја, стадионите зјаат полупразни, но Инфантино би продолжил да организира првенства во контроверзни земји. Тој ја посочи Северна Кореја како можен организатор во иднина.

„ФИФА е глобална фудбалска организација. Ние сме фудбалски луѓе, не сме политичари, и сакаме да ги поврземе луѓето заедно“, вели Инфантино.

„Секоја земја може да биде домаќин. Зошто да не и Северна Кореја доколку сака. Јас бев во Северна Кореја пред неколку години и ги прашав дали се подготвени да бидат домаќини на дел од Светското првенство за жени заедно со Јужна Кореја“.

„Моето одење не беше успешно очигледно, но би одел уште 100 пати доколку тоа помогне. Само ангажманот може да донесе вистинска промена. Ние сме глоблана организација и сакаме да останеме организација која го обединува светот“.

„Фудбалот е сила за добро. Ние не сме наивни да веруваме дека фудбалот може да ги реши светските проблеми“.

„Ние знаеме дека нашиот главен фокус како спортска организација треба да биде спортот, но бидејќи фудбалот го обединува светот, ова конкретно Светско првенство го гледаат пет милијарди луѓе и може да биде поттик за позитивни работи, за знак или порака за надеж“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани