Меси го почнува својот последен мундијалски настап

by
1 минути читање

Денеска е третиот ден на Светското првенство во Катар, два големи фаворити го почнуваат својот настап на Мундијалот, Аргентина и Франција.

За Меси ова Светско првенство има посебно значење, тоа е последен Мундијал за него и последна шанса да го освои најпрестижниот фудбалски трофеј.

Од 11 часот Аргентина игра против Саудиска Арабија. Аргентинците играат во голема форма и важат за едни од главните фаворити на овој светски собир, па не би требало да има дилеми околу победникот.

Вториот меч од оваа група се игра меѓу Мексико и Полска, тој натпревар почнува од 17 часот.

Бранителот на трофејот, селекцијата на Франција од 20 часот ќе го почне настапот на ова Светско првенство, противник им е селекцијата на Австралија.

Дешам се соочуваше со многу проблеми, пред се откажувањето на Бензема поради повреда, за време на подготовките отпадна и Нкунку, а претходно и Канте и Погба.

За денешниот меч со Австралија од тие што се во составот веројатно нема да може да смета на дефанзивниот двоец Кунде и Варан кои се уште се опоравуваат од повредите.

Претходно во оваа Д група од 14 часот Данска игра против Тунис.

Денеска на СП:

11:00 Аргентина – Саудиска Арабија

14:00 Данска – Тунис

17:00 Мексико – Полска

20:00 Франција – Австралија

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани