Што се случува со продолженијата на ова СП, зошто траат толку долго?

by
2 минути читање

Една од најчудните и најкоментирани работи кои се случуваа на Светското првенство, се долгите судиски продолженија кои се случуваа на сите натпревари без исклучок.

Фудбалската публика е навикната, на три, четири, па и пет минути продолжување, но голем дел од полувремињата имаа судиско продолжение и со двоцифрени бројки.

Статистиката вели дека четири полувремиња со најдолго судиско продолжување на еден фудбалски меч од 1966 до денес, се случиле токму на ова Светско првенство.

Првото полувреме од мечот меѓу Англија и Иран беше продолжено 14 минути, второто беше продолжено 13. На мечот меѓу САД и Велс второто полувреме се играше дополнителни 10 и пол минути, додека вториот дел од натпреварот меѓу Сенегал и Холандија беше продолжен за 10 минути.

Главниот на судиската организација, Пјер Луиџи Колина се јави со објаснување. Тој рече дека ова ќе биде вообичаено на ова Светско првенство бидејќи ФИФА сака да има што е можно повеќе активна фудбалска игра, па речиси сите прекини кои се случуваат на мечот ќе бидат продолжени. Одолговлекувањето на времето ќе биде сведено на минимум. Веќе не треба да се чудиме кога ќе бидат покажани десетина или повеќе минути продолжение на некој меч.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани