Бејл од пенал го спаси Велс од пораз против САД (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Селекцијата на САД беше многу подобра во првиот дел, неколкупати сериозно се закани, а по една одлична акција во 36. минута, Пулишиќ асистираше до Веа кој погоди за водство од 1-0.

Во вториот дел Американците како да се повлекоа, многу рано почнаа да го чуваат водството и тоа им се врати.

Во 82. минута Герет Бејл постигна гол од пенал и го изедначи резултатот на 1-1. Тоа беше и најреалниот резултат на мечот.

Претходно во оваа група Англија со 6-2 го победи Иран.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани