Холандија тргна со победа над Сенегал, но не беше лесно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Холанѓаните ја оправдаа улогата на фаворити, ги освоија планираните три бода против Сенегал, но африканската репрезентација се покажа како тврд орев.

Дуелот во најголемиот дел беше досаден, без многу шанси за гол, Холандија ја имаше иницијативата, но поконкретни можности имаше Сенегал.

Се чинеше дека тешко ќе може да се смени нешто до крајот, но тогаш Де Јонг испати фантастична асистенција до Гакпо кој реализираше со глава за водство на Холандија од 1-0. Голот беше постигнат во 84. минута.

Пред самиот крај, во 99. минута од мечот, Класенс дочека една одбиена топка од Менди и даде гол за конечни 2-0.

Ова е меч од групата А каде синоќа Еквадор го победи Катар со 2-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани