ФИФА им забрани на фудбалерите, ама една новинарка собра храброст и стави лента на раката (ФОТО)

by
2 минути читање

Англија, Холандија, Велс, Данска… сакаа капитените да им носат ленти со боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата. На тој начин сакаа да искажат протест поради непочитувањето на човековите права од страна на катарските власти.

Но, ФИФА им се закани со жолти картони. Кој ќе носи таква лента ќе добие жолт картон на почетокот од мечот. Тоа ги предомисли репрезентациите.

Но, англиската новинарка, Алекс Скот го направи тоа што ФИФА им го забрани на фудбалерите. Носеше таква лента од денешното известување од мечот меѓу Англија и Иран.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани