Жолтиот картон на ФИФА ги предомисли, Англија и Холандија нема да носат ленти со виножито

by
1 минути читање

Селекциите на Холандија, Англија, Данска, Велс и дел од останатите, планираа да изразат поддршка за ЛГБТ заедницата со тоа што ќе носат капитенска лента со виножито.

На тој начин сакаа да искажат протест против катарските власти кои не ги почитуваат човековите права на начин како што тоа се прави во западните земји.

Сепак, ФИФА застана на страната на домаќинот на Мундијалот и се закани дека секој капитен кој ќе носи лента со поддршка на ЛГБТ заедницата ќе добие жолт картон на почетокот од мечот.

По оваа одлука на ФИФА, сите земји кои сакаа да носат лента со виножито, се повлекоа од таквата намера.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани