Новинарка била ограбена во Катар, се изненадила кога полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот

by
1 минути читање

Мундијалот во Катар
е едно ново поинакво искуство за сите, аргентинската новинарка Доминик Мецгер раскажува
за својот случај.

Таа била ограбена
додека известувала во живо, и бил украден новчаник во кој имало документи,
картички и пари.

Доминик Мецгер го
пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со
висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени.

Но таа се
изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на
крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците
во вториот обид биле појасни.

„Ме прашаа дали
сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде
депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам.
Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да
биде во мои раце. Ми се наежи кожата“
– раскажува Доминик Мецгер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани