Италијанците го гледале отворањето на Светското првенство пред поразот од Австрија, било болно

by
1 минути читање

Поразот од Македонија уште ги боли Италијанците, Леонардо Бонучи открива дека дел од фудбалерите го гледале отворањето на Светското првенство пред да почне мечот со Австрија, и тоа било болно.

„Јасно е дека разочарувањето е големо, тажни сме многу. Некои од нас го гледаа отворањето на Светското првенство и тоа боли. Како и да е не можеме да плачеме за растурено млеко, тоа е минато и не може да се промени сега, можеме само да гледаме кон иднината“, вели Бонучи.

„Како што изградивме состав со кој станавме Европски шампион по разочарување откако не се пласиравме на СП, така можеме и сега, да го направиме тоа повторно за Лигата на нации и квалификациите за ЕП“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани