Валенсија со два гола му донесе победа на Еквадор против Катар на стартот на СП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Катар имаше разочарувачки настап на почетокот на Светското првенство, Еквадор покажа дека има повеќе квалитет и заслужено дојде до стартните три бода.

Еквадор во текот на целиот меч беше подобар противник, а доминацијата ја најави уште во третата минута кога Валенсија постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд.

Сепак, во 15. минута голманот Сад направи пенал врз Валенсија, капитенот на Еквадор го реализираше ударот од белата точка и донесе водство од 1-0.

Во 31. минута Веленсија повторно стапи на сцена, постигна гол со глава за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.

Еквадор рутински ја задржа предноста, а Катар тешко создаваше шанси за да се врати во мечот.

Утре се игра вториот меч од оваа групата, Сенегал против Холандија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани