Феран Торес откри како е да се игра под команда на таткото на неговата девојка

by
1 минути читање

Изминативе
денови, контроверзијата со повредата на Гаја е една од топ темите во репрезентацијата
на Шпанија, но во фукусот се најде и Феран Торес, кој се забавува со ќерката на
селекторот Луис Енрике.

Самиот Луис
Енрике се пошегува на оваа тема и рече: „Доколку треба да одберам кој да биде
моја продолжена рака на теренот, би рекол Феран, во спротивно ќерка ми ќе ме убие“.

Па на средбата со
медиумите, неизбежни беа прашањата на оваа тема.

„Не мислам дека
ова е додатен притисок, сите знаеме дека селекторот обожава да се шегува и ова
беше само една шега“
– вели Феран Торес.

„Тренерот и јас
знаеме како да го одделиме приватниот живот од професионалниот ангажман, и кога треба
да се однесуваме како семејство а кога како тренер и играч“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани