Инфантино кон навивачите: Нема да умрете ако три часа не се напиете пиво!

by
1 минути читање

На два дена пред почетокот
на Светското првенство во Катар беше донесена забрана да се точи алкохол на
стадионите и покрај тоа што претходно беше дадено ветување дека навивачите ќе
можат да уживаат во пивото.

Ова само
дополнително го навлече гневот на фудбалската јавноста, која изминативе години
често ги критикуваше Катар и ФИФА за организацијаната на мундијалот.

За Џани Инфантино
сепак нема ништо спорно, тој посочи дека и во Европа има многу земји со ваква
забрана.

„Нема да умрете
ако три часа не се напиете пиво!“
– порача претседателот на ФИФА.

„Особено што
слични правила има и во други земји, како на пример во Франција. Не е дозволено
пиво на стадионите. Но сега ова е проблем бидејќи се работи за муслиманска
држава“.

„Има преку 200 места
во Катар каде можете да купите алкохол. Има преку 10 фан зони во кои преку
100.000 луѓе заедно можат да пијат пиво“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани