Покетино се поврзуваше со повеќе клубови, но се уште не почнал со нова работа по отказот од ПСЖ. На прашањето дали работата во францускиот клуб е најнеблагодарна, тој рече:
„Комплетно се сложувам. Сите ја потценуваат работата на тренерот таму. Кога ќе победите сте победиле поради индивидуалните квалитети на фудбалерите, а кога ќе загубите, тогаш виновен е тренерот“, вели Покетино.
Тој вели дека има понуди, но одлучил да одмори.
„Нормално е да имате понуди. Тренерите на сите нивоа кои се невработени имаат понуди, ова е таков динамичен систем кој се движи многу брзо. Кога го напуштив Париз, речев дека ќе земам малку одмор, ќе гледам фудбал, ќе го гледам Светското првенство и после тоа ќе размислувам за прифаќање на некој проект“.
Покетино се поврзуваше со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, тој верува дека таква шанса повторно може да му се укаже.
„Понекогаш е прашање на време. Не верувам дека возот поминува само еднаш. Мислам дека понекогаш треба само да бидете трпеливи и да знаете како да чекате“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.