Србија со пет гола во мрежата на Бахреин се загреа за СП, „голазо“ на Тадиќ од слободен удар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Србија со пет
гола во мрежата на Бахреин се загреа за Светското првенство, избраниците на Драган
Стојковиќ покажаа дека имаат голема разновидност во нападот.

Душан Тадиќ го
отвори резултатот со „голазо“ од слободен удар, а домаќините од пенал преку Хилал
изедначија на 1-1.

На стартот од
вториот дел, за помалку од 100 секунди, Србија два пати ја тресе мрежата на
противникот. Прво Влаховиќ му асистираше на Тадиќ за 1-2, за во следниот напад
улогите да бидат обратни, Тадиќ го проигра Влаховиќ за 1-3.

Во финишот од
мечот паднаа уште два гола, Ѓуричиќ со глава биеше за 1-4, а Лука Јовиќ ги
постави конечните 1-5.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×