На два дена пред почетокот на СП, на Катарците им текна да го забранат пивото, Бадвајзер ќе ја тужи ФИФА

by
1 минути читање

Иако беше постигнат договор да се точи пиво на стадионите за време на натпреварите и на посебни места во фан зоните во одредени периоди, Катарците сега се предомислуваат.

Според „Тајмс“, на 48 часа пред почетокот на Светското првенство, катарските власти сакаат да забранат да се точи пиво на стадионите, што е спротивно на договорот.

ФИФА има мулти-милионски договор со Бадвајзер. Во случај да биде забрането да се точи пиво на стадионите, Бадвајзер не само што ќе го раскине договорот со ФИФА, туку и ќе бара огромна отштета.

Пред неколку дена од Кралското семејство во Катар веќе побараа од ФИФА, Бадвајзер да ги премести штандовите на помалку видни локации.

Со сите забрани кои ги има во Катар се чини дека ова ќе биде најлошто Светско првенство од гледна точка на фановите. Можеби натпреварите ќе бидат спектакуларни, но навивачите дојдени во Катар, тешко дека ќе можат да уживаат како што се навикнати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани