Незгодно: Од Шпанската федерација му испратиле благодарница на Де Хеа за пензија од репрезентацијата, тој се зачудил, се нема повлечено

by
1 минути читање

Луис Енрике одлучи да не го повика Де Хеа за Светското првенство. Тој лично му се јавил на голманот и го известил.

Де Хеа побарал образложение, но не добил. Луис Енрике му кажал дека тоа е негова одлука.

Во Шпанската федерација разбрале дека Де Хеа се повлекува, па му испратиле благодарница за досегашниот допринос за репрезентацијата.

Голманот бил зачуден од гестот и возвратил дека никогаш не објавил пензија од репрезентацијата, не се повлекува, ниту планира да се повлече.

За многумина е шокантно како за Давид Де Хеа немаше место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×