Во Манчестер Сити изненадени од изјавите на Роналдо, нивната верзија на настаните е многу поразлична

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо е актуелен изминативе денови откако седна на разговор со Пирс Морган и си
ја отвори душата.

Португалецот
раскажа како летото во 2021 година бил многу блиску до преселба во Манчестер
Сити, но во последен миг му се јавил Сер Алекс Фергусон, му кажал дека е
невозможно да го облече дресот на лутиот ривал, па го послушал својот стар
ментор и се вратил во Манчестер јунајтед.

Сепак, „граѓаните“
се изненадени од ваквите изјави, неколку извори од Англија пишуваат дека
верзијата на Манчестер Сити е многу поразлична.

Мајк Киган од
Дејли Мејл пренесува дека од таборот на Манчестер Сити му брифирале дека тие
биле всушност кои решиле да се повлечат од зделката, и причините биле горе доле
исти поради кои Томас Тухел не го сакаше Португалецот во Челси, сметале дека
може да се наруши балансот во соблекувалната.

Роб Доусон од
ЕСПН пак пишува дека од Етихад му потврдиле дека постоел интерес за ангажман на
Кристијано Роналдо, но никогаш не биле блиску до ангажман на Португалецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×