Фудбалерите на Костарика се вратија од граница и поради бизарна причина нема да тестираат против Ирак

by
1 минути читање

Костарика
очигледно нема да тестира пред настапот на мундијалот во Катар, избраниците на
Луис Фернандо Суарез требаше да одиграат пријателски натпревар против Иран, но мечот
е одложен.

Делегацијата на
Костарика со автобус се упатила од базата во Кувајт кон Ирак, но на граничниот
премин настанало недоразбирање.

Имено, како дел
од договорот, фудбалерите на Костарика требале да влезат во Ирак без да им се
удрат печати во пасошите, за во иднина да немаат никакви проблеми. Брајан Овиедо, Роналд
Матарита и Данил Чакон настапуваат во МЛС, па доколку во пасошите им стои печат
од Ирак, ќе имаат проблеми при враќањето во САД.

Сепак, граничната
служба барала да биде запазена целата процедура и да се удрат печати во пасошите,
па откако не бил постигнат компромис, делегацијата на Костарика се вратила
назад во тренинг базата во Кувајт.

Некои извори
пренесуваат дека денеска ќе биде испратен приватен авион за фудбалерите на
Костарика да допатуваат во Ирак и натпреварот да се одигра, но ваквите
информации не се официјално потврдени.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани