Аргентина со 5-0 славеше против ОАЕ па Скалони излезе со загрижувачки вести

by
1 минути читање

„Гаучосите“ вечерва го одиграа својот контролен натпревар пред мундијалот во Катар и со 5-0 славеа против Обединетите Арапски Емирати.

Алварез го отвори резултатот, потоа Ди Марија постигна два гола за Меси да зголеми на 4-0 пред крајот на првиот дел. Во продолжението од мечот, Кореа ги постави конечните 5-0.

Но по крајот на средбата, Лионел Скалони излезе со загрижувачки вести и порача дека составот од 26 фудбалери може да претрпи промени во последен момент.

„Постои можност списокот од 26 фудбалери да претрпи промени. Имаме играчи кои не се 100% фит. Мораме да бидеме претпазливи, ќе почекаме и да видиме каков ќе биде нивниот напредок во опоравувањето“ – рече селекторот на Аргентина.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани