Три меча суспензија за Левандовски, од нив два се дерби натпревари

by
1 минути читање

Левандовски доби два жолти картони на мечот со Осасуна, последниот на Барселона пред паузата за Светското првенство.

Одејќи накај соблекувалната Левандовски со прстот се чешаше по носот и потоа го покажа кон судијата и излезе.

Според извештајот на судијата, Левандовски направил гестови со кои изразил несогласување со судијата, додека некои велат дека таквиот гест во Германија значи арогантност.

Левандовски е казнет со еден меч суспензија поради двата жолти картони, и два меча суспензија за тој гест со прстот. Вкупно три.

Од нив два дуели се дерби, едниот е градскиот дерби меч против Еспањол, второто дерби е со Атлетико Мадрид, ќе го пропушти и натпреварот со Хетафе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×