Новинарите почнаа да имаат проблеми во Катар, погледнете што им се случи на данската ТВ2 (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Прогнозите дека Светското првенство во Катар нема да биде нормално и ќе биде полно со проблеми кои ќе се случуваат надвор од стадионите, почнуваат да се остваруваат.

Натпреварите кои ги организира ФИФА би требало да бидат совршени, но надвор од стадионите каде што организатор е катарската држава, се верува дека ќе има сериозни пропусти. 

Новинарите од данската телевизија ТВ2 наидоа на проблем при еден линк во живо. Дојдоа луѓе кои им забранија да снимаат иако тоа мора да е дозволено.

„Добивме извинување од Катарската интернационална медија канцеларија и од Врховниот комитет на Катар. Еве што ни се случи додека емитувавме во живо од кружен тек во Доха денеска. Но, дали ќе продолжи ова да се случува и на другите медиуми исто така?“, напиша новинарот Расмус Танхолд.

Тие се сомневаат дека ова е само почеток на проблемите кои ќе ги имаат новинарите во оваа земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани